Kriminalistička taktika, zaseda (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 11 | Nivo:
Fakultet za Bezbednost, Skopje
УНИВЕРЗИТЕТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
БИТОЛА
ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ – СКОПЈЕ
КРИМИНАЛИСТИЧКА ТАКТИКА 1
СЕМИНАРСКА РАБОТА
„ЗАСЕДА“
Предметен наставник:Доц.Д-р.Злате Димовски
Изработил:Трајче Цветков
статус:вонреден студент
број на индекс:1032/08
Скопје, 2009 година ВОВЕД
Целта на овој труд е на поблизок начин да се
претстави оперативно-тактичката мерка заседа и тоа со практичен и вистинит
пример од секојдневното работење, каде учество имаат земено полициски
службеници од оперативниот состав на криминалистичката полиција, во содејство
со униформирани полициски службеници.
Пред да се даде самиот приказ на целиот случај,
кој за големо задоволство на „правдата“ и на самите службеници кои учествуваа
во заседата, заврши успешно и лицата кои се чекаа, беа сочекани во заседата,
најнапред ќе биде даден општиот приказ на поимот, целта на заседата, начин и места
на поставување, време на поставување, повлекување и запирање на заседата,
бројка на службеници кои учествуваат во истата, како и „слика“ на службениците
кои можат да учествуваат во поставена заседа.
Со оглед на тоа што придобивките од примената на
оваа оперативно-тактичка мерка се значајни, нејзината примена е се позачестена
на места каде постои и најмала веројатност дека ќе бидат исполенети целите на
поставената заседа.
ЗАСЕДА
Заседата претставува прикриен распоред на
полициски службеници на места каде се очекува да поминат деликвентите, а постои
можност одненадеш да се лишат од слобода.Таа спаѓа меѓу оперативно-тактичките
мерки со репресивно-превентивно значење, и се состои од тајно или прикриено
запоседнување и распоредување на определен број на полициски службеници на
однапред утврдено место на отворен или затворен простор.
Според целта, заседата може да биде поставена
заради:
а)лишување од слобода на сторители кои
припремаат извршување на кривично дело на местото на поставената заседа;
б)лишување од слобода на сторители кои се
враќаат од местото на извршување на кривичното дело;
в)лишување од слобода на сторители кои се
наоѓаат во бегство, и за нив е распишана потерница;
г)лишување од слобода на сите лица кои
посетуваат одредена група на криминалци (на пример фалсификатори, јатаци,
провалници, трговци со оружје и дрога и тн.);
д)задржување и проверување на сите лица кои
посетуваат одредено место (коцкарници, тајни коцкарници, место на состанување
на криминални групи и тн.).
ѓ)спречување вршење кривични дела;
е)спречување бегства на лица преку државна
граница;
ж)откривање и фаќање на лица што нелегално
влегуваа во земјата;
з)одземање на corpora delicti;
ѕ)фаќање и ликвидирање на терористи и тн.
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!